Совети за исхрана за време на Рамазан

DSC_1260

Совети за исхрана за време на Рамазан

  • Избалансирана исхрана според потребите на индивидуата.
  • Покрај двата главни оброка Ифтар и Суфур, 1-1.5 час по Ифтар да се земе ужина.
  • Да се пие 2 литри вода меѓу Ифтар и Суфур. За да се задоволат енергетските потреби исто така се препорачува други течности пример ајран, јогурт, свежо цеден сок од овошје и зеленчук, незасладени чаеви и др.
  • За Ифтар, вечерата да се јаде полека, со долго џвакање на храната.
  • Да се почне со урма и чаша вода и предјадење (маслинки, домати, сирење, супа).
  • Да се направи мала пауза од 10-15 минути пред да се започне со салатата и главното јадење (при кое треба да се избегне масна храна, наместо бел леб, ориз да се внесе интегрален леб, интегрален ориз, булгур).
  • После Ифтар да се избегнат тешки слатки (баклава и слично) и да се заменат со млечни слатки (сутлијаш, гулач и друго неделно 2-3 пати! ) Во преостанатите денови за десерт да се консумираат овошни салати.
  • Десертот да се изеде 2 часа по Ифтар.
  • Наместо една голема порција за Ифтар, оброкот да се подели на помали порции со пауза од еден саат.
  • После Ифтар не се препорачува лежење, седење пред телевизор, компјутер и слично. Најдобри се кратките прошетки кои ќе подпомогнат да се свари храната подобро.
  • За Рамазан многу е важен и начинот на кој се подготвува храната. Се препорачува печена, варена, динстана храна. Треба да се избегне пржена храна .
  • Поради промена на начин на исхрана често доаѓа до забавување на метаболизмот на телото. За да се забрза метаболизмот потребно е да се внесат производи со диетални влакна кои ќе го забрзат метаболизмот како што се: легуминози, интегрални производи, зеленчук, овошје.
  • За ужина да се јадат јаткасти овошја како бадем, орев и суво овошје.
  • Да не се јадат премногу топли или премногу ладни оброци.
  • За зависници на чај, кафе, се препорачува да се  намали количината на еден филџан кафе или една чаша чај.
  • Пред да се  почне со вечерата за  Ифтар прво се препорачува да се земе урма и една чаша вода. Урмата е симбол на Рамазан, и таа пракса не е залудна. Урмата е богата  со диетални влакна и протеини. Содржи натриум, калиум, калциум, магнезиум, железо, сулфур, и фосфор . Исто така, содржи витамин А, Б1, Б2, Б3 и Б6. По долго часовното постење и кога доаѓа до мал пад на шеќерот во крвта, урмата ја балансира гликозата и поради диеталните влакна е корисна за дигестивниот тракт. Да се внимава на количината! Една до две урми се сосема доволни.
  • Да се избегне процесирана храна: салами, виршли, солена и мрсна храна за Суфур.
  • Умереноста е битна. Добри примери во однос на количество од одредена храна која се консумира во еден оброк се: 1-2 кришки интегрален леб; пиде или било какви печива не повеќе од парче во големина на дланка; 3-5 супени лажици булгур, ориз или макарони; еден компир; една кутлача супа или легиминози; една мала здела млечен десерт.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*