За нас


Везире Старова, Mагистер на 2-годишни последипломски студии по Нутриционизам , е родена  1967 година во Скопје, Македонија.  Нејзината Магистерска теза е “Храната и практиките во исхраната поврзани со религиозните пости кај популација од различни верски деноминации во Република Македонија“ Во оваа веб страна ќе го споделува знаењето со кое се здоби при нејзината научно истражувачка работа.
Сертифициран Дијабетес Едукатор од Меѓународна Федерација за Дијабетес (IDF School of diabetes) во областа на исхрана и здравје на лица со дијабетес и дел од глобалното движење за подигање на јавната свест за здравата исхрана на лицата со дијабетес во Македонија.
Сертикикат за завршен курс за „Превенција на тип 2 дијабетес” од Меѓународна Федерација за Дијабетес (IDF School of diabetes)
Сертификат за завршен курс за „Дијабетна Ретинопатија” авторизиран од  Меѓународна Федерација за Дијабетес (IDF School of diabetes)
Сертификат за завршен 5 неделен курс на тема „Спектар на аутистични нарушувања“ авторизиран од страна на „UC Davis Institute“ од Универзитетот на Калифорнија, САД и понуден преку платформата на Coursera, 2018

Од 2016 година е Амбасадор Волонтер на фондацијата на светски познатиот готвач Џејми Оливер „Револуција во исхраната“ (Food Revolution) , платформа основана како кампања за борба  против дебелина, подигнувања на свеста за здрава храна во училиштата и промовирање на здрав начин на исхрана. Везире е организатор на една од активностите за Светски ден на Револуција во исхраната со учениците од Средното училиште „Димитар Влахов“ и Здружението за деца со даунов синдром „Трисомија 21“- Скопје, активност фокусирана на промовирање на подготовка на здрав појадок. Везире Старова со своите истражувања зема учество на сателитскиот научен симпозиум  одржан во 2015 во Битола  под наслов „Advanced perspectives for better fitness in public health nutrition to reduce obesity and related chronic diseases„ во рамките на   Euro Global Summit & Medicare Expo on Weight Loss.

Нутриционистичките и сите други информации презентирани на овој веб сајт не треба да се користат како замена за медицински совет, дијагноза или третман. Информациите презентирани тука секогаш користете ги во консултација со лекар кој е запознат со идивидуалните аспекти на вашата медицинска состојба.

2 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*